| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна турска дипломатска двојка во Грција

Во Грција исчезна двојка турски дипломати, кои се осомничени за членство во Фетхулахстичката терористичка организација (ФЕТО) – јави турската новинска агенција „Анадолија“, повикувајќи се на неименуван дипломатски претставник.

– Турските власти од вторникот немаат контакт со двојката Мухамед Т. и Џејда Т, кои работат во Конзулатот на Турција во Солун во последните 18 месеци како заменици-конзули – изјави денеска неименуваниот дипломатски извор. Тој додаде дека двојката, чии пасоши се поништени, ја напуштиле Грција и не е познато каде се напѓаат.

ФЕТО и нејзиниот лидер Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, се обвинети за обидот за државен удар во Турција во 2016 година, при пто загинаа 249 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top