| четврток, 6 декември 2018 |

Сребро и бронза за македонските каратисти на ЕП во Турција

dsacd

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои сребрениот медал на Европското првенство во карате што се одржува во Коџаели, Турција. Тој денес во финалето загуби од домашниот натпреварувач и досегашен европски шампион Акташ Угур по судиското гласање, откако борбата заврши 0:0.

Претходно на ЕП, Јована Георгиева на Македонија и го донесе бронзениот медал во категоријата до 55 килограми. Македонската каратистка во клучниот меч за бронзата беше подобра од Емили Туј (Франција). Мечот заврши 1:1, но Горгиева прва освои поен и затоа стигна до медалот.

Попладнево за бронзен медал ќе се бори и Сара Радичевска во категоријата до 50 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top