| четврток, 6 декември 2018 |

Дрон над Скопје: 68. ден народот на улица, марш повторно во понеделник (ВИДЕО)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево го одржа 68-тиот протестен марш кој почна пред Владата, продолжи до Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието.

Зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис, беа дел од пораките кои вечерва ги испратија организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тие побараа државните институции да ги почитуваат законите и да ги ослободат луѓето кои се обвинети за нередите во Собранието кои се случија минатиот четврток.

Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top