| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров: Кампот ја постигнува целта, децата доаѓаат за да научат ракомет

kire lazarov 1

Македонскиот ракометен капитен Кире Лазаров со голема радост го најави новиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој од 20 до 26 јуни ќе се одржува во Охрид. Најуспешниот македонски спортист е задоволен што кампот трет пат по ред се организира успешно, а во проектот најавени се да бидат дел над 300 деца, поделени во две групи.

– Кампот се организира трет пат во последните три години. Искрено, по изминатите две години сум среќен, задоволен што растеме како камп, што можам слободно да кажам дека веќе и децата го повторуваат своето учество. Голем дел од децата што беа во првите две изданија повторно ќе учествуваат, што значи дека сме квалитетни. Јавна благодарност до нив и нивните родители за довербата, затоа што и јас сум родител, а знам како е да пуштиш дете надвор од дома. Добро е што децата во кампот не доаѓаат само заради името на Кире Лазаров, туку заради квалитетот. Тогаш ќе имам слободни денови, ќе бидам и јас со децата. Ќе има две групи по 150 деца, голема е честа да се има оваа бројка – изјави Лазаров.

На ракометниот камп на Лазаров ќе учестуваат бројни квалитетни тренерски имиња, а од нашата земја учество засега ќе земат Данило Брестовац кој работи во Шамбери, Франција, како и Наташа Коцевска, која работи во Дортмунд, Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top