Манчестер јунајтед направи голем чекор кон финалето во Лигата на Европа, славејќи во Виго против Селта со голот на Маркус Рашфорд.
Но, лоши вести стигнаа по мечот, Маркус Рашфорд кој го одлучи победникот, е уште еден во низата повредени фудбалери на „црвените ѓаволи“. Во прашање е повреда на коленото, а денеска ќе биде позната тежината на истата.
Според првичните информации, тешко дека ќе може да биде подготвен за реванш пресметката со Шпанците. Поради бројните повреди, Мурињо најави дека викендов дербито против Арсенал ќе го игра практично со резервниот состав.
Покрај Рашфорд повреда заработи и Ешли Јанг, кој исто така ќе мора да мине извесно време надвор од терените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.