| четврток, 6 декември 2018 |

Народот целосно разочаран од политичарите – Легитимирањето на државниот удар е погубно за Македонија

 

nenad-mircevski-kol-120

Ненад Мирчевски

Го­сти­нот од САД, Хојт Ји, и ам­ба­са­до­рот на САД во Ма­ке­до­ни­ја, Џес Беј­ли, го под­др­жаа др­жав­ни­от удар во Ма­ке­до­ни­ја и отво­ре­но за­ста­наа про­тив ма­ке­дон­ски­от на­род приз­на­вај­ќи му го ле­ги­ти­ми­те­тот на Та­лат Џа­фе­ри ка­ко пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја. Аме­ри­кан­ски­те дип­ло­ма­ти од ста­ра­та ад­ми­ни­стра­ци­ја на Оба­ма, кои се на ли­ста­та за отка­зи во Стејт де­парт­мен­тот, а од порт­па­ро­лот на но­ви­от др­жа­вен се­кре­тар се име­ну­ва­ни ка­ко „ама­тер­ска еки­па“, мо­же­би сѐ уште има­ат моќ да ги кон­тро­ли­ра­ат и уце­ну­ва­ат пра­те­ни­ци­те, но ни­ка­ко не мо­жат да го ис­пе­рат мо­зо­кот на ма­ке­дон­ски­от на­род и во ни­ту еден слу­чај не мо­жат да го на­пра­ват Џа­фе­ри ле­ги­ти­мен за­тоа што во по­стап­ка­та за не­го­во изг­ла­су­ва­ње беа пре­кр­ше­ни Уста­вот, за­ко­ни­те и Де­лов­ни­кот на Со­бра­ни­е­то.

Ако овој бру­та­лен на­чин на си­лу­ва­ње на пар­ла­мен­тар­на­та де­мо­кра­ти­ја за Ји и за Беј­ли е де­мо­крат­ски и ле­ги­ти­мен, ги пра­шу­вам зо­што до­се­га нив­на­та Де­мо­крат­ска пар­ти­ја не го иско­ри­сти исти­от мо­дел за сме­на на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел на САД, ним омра­зе­ни­от До­налд Трамп, ко­го од прв ден го оп­стру­и­ра­ат во ра­бо­та­та, а исто­вре­ме­но го об­ви­ну­ва­ат де­ка не­ле­гал­но ги до­бил из­бо­ри­те и де­ка прет­ста­ву­ва го­ле­ма опас­ност за Аме­ри­ка?

kol244-nm-sds-drzaven-udar-hojt-li-i-bjeli

Се раз­би­ра де­ка та­кво сце­на­рио ни­ко­гаш не­ма да ви­ди­ме во САД, ни­ту во ко­ја би­ло дру­га де­мо­крат­ска др­жа­ва, за­тоа што тоа не­ма ни­ка­ква до­пир­на точ­ка ни­ту со де­мо­кра­ти­ја­та ни­ту со бор­ба­та про­тив кри­ми­нал. Тоа е ди­рект­но га­зе­ње на Уста­вот и на за­ко­ни­те, кид­на­пи­ра­ње на др­жа­ва­та и зло­у­по­тре­ба на на­род­на­та вол­ја изра­зе­на на из­бо­ри. И во САД и во ко­ја би­ло дру­га др­жа­ва, се­кој што ќе се дрз­не да ор­га­ни­зи­ра ва­кво сце­на­рио ќе за­вр­ши зад ре­ше­тки до кра­јот на жи­во­тот. За жал, гле­да­ме ка­ко во Ма­ке­до­ни­ја пред очи на на­ро­дот на­сил­но се пре­зе­ма вла­ста ко­ја тре­ба да ја раз­не­би­ти др­жа­ва­та и за тоа не од­го­ва­ра ни­кој друг, освен гра­ѓа­ни­те што се ос­ме­ли­ја да ја од­бра­нат! Сце­на­ри­о­то со кое бе­ше ис­про­во­ци­ран упа­дот во Со­бра­ни­е­то на 27 април има­ше цел да го прет­ста­ви единс­тве­ни­от за­штит­ник на др­жа­ва­та – на­ро­дот ка­ко не­ци­ви­ли­зи­ра­на ор­да ко­ја не зас­лу­жу­ва ни­ка­кво вни­ма­ние од „нор­мал­ни­от де­мо­крат­ски за­пад“. Не­го­ви­те ле­ги­тим­ни и чи­сти ка­ко сол­за ба­ра­ња за за­чу­ву­ва­ње на уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та мо­ра­ше на кој би­ло на­чин да се из­вал­ка­ат за да се амор­ти­зи­ра при­ти­со­кот од јав­но­ста врз квис­лин­зи­те. На сме­тка на на­ро­дот, пак, пре­дав­нич­ка­та бан­да од СДС се­га се прет­ста­ву­ва ка­ко жр­тва ко­ја свес­но се жр­тву­ва за не­ка­кви де­мо­крат­ски вред­но­сти.

Сце­на­ри­о­то и на­чи­нот на не­го­ва­та ре­а­ли­за­ци­ја беа оче­ку­ва­ни. Не­из­ве­сен бе­ше са­мо де­нот ко­га ќе се слу­чи на­сил­но­то пре­зе­ма­ње на вла­ста. На ва­ка очиг­лед­но сце­на­рио ВМРО-ДПМНЕ по­ка­жа не­под­го­тве­ност од по­зи­ци­ја на власт да се спра­ви со пре­диз­ви­кот и да ги од­бра­ни на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на ма­ке­дон­ски­от на­род – об­вр­ска ко­ја на­ро­дот му ја да­де на пос­лед­ни­те из­бо­ри на 11 де­кем­ври. За тоа, пар­ти­ја­та и ра­ко­водс­тво­то ќе мо­ра да по­не­сат од­го­вор­ност. По­тфр­ли­ја и су­дот, об­ви­ни­телс­тво­то и по­ли­ци­ја­та, кои не беа на ви­си­на на за­да­ча­та за да го за­шти­тат су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ва­та. На бра­ни­кот на др­жа­ва­та оста­наа пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, ба­рем за­се­га, и на­ро­дот на ули­ца, кој се зап­ла­шу­ва со ап­се­ње. Но, тој оста­ну­ва на ули­ци­те и по­крај си­те за­ка­ни одр­жу­вај­ќи го не­по­ко­рот на ма­ке­дон­ски­от на­род. Не­го­ва­та хра­брост и од­луч­ност тре­ба да би­дат при­мер за си­те што си ја са­ка­ат та­тко­ви­на­та. Ако Ива­нов по­пу­шти на при­ти­со­ци­те и ако на­ро­дот се пов­ле­че од ули­ци­те, ќе мо­же­ме сло­бод­но да ка­же­ме збо­гум Ма­ке­до­ни­ја.

Овој пре­се­дан по ни­ко­ја це­на не смее да до­бие ле­ги­ти­ми­тет не са­мо за до­бро­то на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и за до­бро­то на це­ли­от ре­ги­он. Швер­цер­ски­от на­чин на из­бор на пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то оста­ва мож­ност на ист на­чин над­вор од про­це­ду­ри­те, а со под­др­шка на не­кои цен­три на моќ, да се ре­а­ли­зи­ра це­ла­та ти­ран­ска пла­тфор­ма, од во­ве­ду­ва­ње це­лос­на дво­ја­зич­ност, пре­ку фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та и про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та, па сѐ до по­дел­ба на др­жа­ва­та и прог­ла­су­ва­ње на Или­ри­да. Кој се­га мо­же да ка­же де­ка исто­то сце­на­рио не­ма да се иско­ри­сти и во со­седс­тво­то за пре­диз­ви­ку­ва­ње то­та­лен ха­ос, но­ва вој­на на Бал­ка­нот?

На За­ев и на кри­ми­нал­на­та бан­да мо­ра да им би­де јас­но де­ка еден ден ќе од­го­ва­ра­ат пред на­ро­дот за на­па­дот на др­жа­ва­та. Уште од се­га тре­ба да им би­де јас­но де­ка ни­ед­но оправ­ду­ва­ње од ти­пот „до­не­сов­ме нов жи­вот“ не­ма да им по­ми­не за­тоа што кри­ми­на­лот не се го­ни со кри­ми­нал, а де­мо­кра­ти­ја­та не се бра­ни со не­де­мо­крат­ски средс­тва. Па­то­ло­шки­от лаж­го Зо­ран За­ев, освен што ќе од­го­ва­ра за зло­де­ла­та кон др­жа­ва­та, ќе оста­не да се па­ме­ти во исто­ри­ја­та ка­ко нај­го­ле­ми­от пре­дав­ник на сво­јот на­род и ка­ко ед­но од нај­гр­ди­те ли­ца на Ма­ке­до­ни­ја.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top