Иако е речиси две и пол децении на сцената, Каролина Гочева ретко го изнесува проватниот живот во јавноста. За нејзините врски сме дознавале, но едвај сме доаѓале до некој детаљ.
Пред врската со Михаил Каролина беше долго сама, или барем така знаеше јавноста. И врската со Михаил почна ногу таинствено и долго опстоја далеку од очите на љубопитните.
Во тоа време обожавателите на 37-годишната пејачка беа загрижени до кога ќе биде сама и дали некогаш ќе го омажиме македонското девојче.
Сега, кога македонското девојче е среќно посвршено, обожавателите, во изблик на радост, решија да се пошегуваат, па како што отвораа групи за многу заслужни и незаслужни ѕвезди и ѕвездички, така отворија и за Каролина: Купување поклон за свадбата на Каролина. Фејсбук грпата е тазе, па можете да се приклучите и да дадете свои предлози за Каролина и Михаил да добијат достоен подарок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.