| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци, нека ни е со среќа борбата за опстанок!

kol238-nm-za-zaednicka-makedonija-23-740x320

„Мигот на прогласената независност на Македонија одвај дали пројде четврт век, а неофашистите на Западот, со здушна помош и ентузијазам на домашните приврзаници, организираа константни напади и многу офанзиви за нејзино разорување. Ако веќе говориме за неселективна и неизбалансирана сила употребена во оваа современа Македонија, неа можеме да ја споредиме со напалм-бомбите употребени од Америка и Велика Британија во уништувањето на отпорот на Македонците во монархофашистичка Грција и изведбата на македонскиот оркестриран егзодус. Единствено што е поинаку од 1941 е што во овој монструозен вампирски втор налет нема македонска политичка сила која ќе го организира и поведе македонскиот народ во борба за опстанок. Народот овој пат е оставен сам на себе и е на почетокот на самоорганизација за отпор. Но, оваа неповолност е и предност. Овој пат, имено, однапред и до последен се знаат сите негови непријатели. Од шарените елитни куртони, преку политичките транџендери или превртачи, хипхоп-џускачи до славенички мавтачи со големоалбански, американски, бриселски и други антимакедонски знаменца со кои ја поздравуваат оваа окупација“, пишува Мирка Велиновска во својата колумна објавена во „Дневник“.

Таа додава:

„За четврт век Македонија имаше два атентата, десетици ликвидации на непријатни сведоци на настаните, десет политички и институционални кризи, една фингирана војна, една фингирана шарена револуција, три обиди за инсталирање балистичка иредента, трипати менуван националниот состав на населението со увоз на Албанци, мигранти од Kосово и криминално давање државјанства на Албанци од соседството. Два лажни пописа и еден прекинат. Четири изведени преврати, две капитулации. Трипати е менуван Уставот и разорувано државното ткиво. Двапати (ќе) се менува преамбулата на Уставот, односно ќе се менува стопанот на државата. Тапијата сè побрзо преоѓа во рацете на натрапниците и антимакедонците. Македонскиот народ не е веќе носител на суверенитетот оти е сведен на една од многуте етнички заедници. Ова е втора фаза на сегрегацијата и инсталација на јансмитовска диктатура на малцинството европски белци над домицилното мнозинско афтиканско население. Јужноафриканскиот расистички модел беше подржан од цивилизирана западна Европа. Kако и овој сегашниот што се инсталира. Според сценариото, истиот тој етницитет од сопственик на домот свој станува првин кираџија, па бездомник или мигрант, односно емигрант, односно бегалец. Со оваа последна окупација е урнат и последниот носечки столб на државноста. Шефот на државата од минатата недела е помалку и од англиска кралица. Тој веќе не е врховен командант. Сега е само фикус. Историјата ќе запише дека и двете капитулации се случуваат во време кога номинално или формално на власт е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше една од основните цели на евро-американскиот цијашки проект. На Македонецот да не му остане ниту едно нешто на кое ќе го крепи сопствениот идентитет. Со тоа без суштина стана и симболот ВМРО, со кој се идентификуваа сите Македонци оти ВМРО беше вградено во државниот темел и беше идеја, национален идеал, организација и борба.

Од минатиот четврток Македонците целосно ги изедначија во вината Зоран Заев и Никола Груевски. Kако што претходно истото го сторија со Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. СДС – балистичка и ВМРО-ДПМНЕ. Во обете окупации активно учествува контракторот СДСМ, кој, иако узурпатор и криминалец, се беше самопрогласил како единствен наследник на асномска Македонија. СДС е друштво на квислинзи и соработници на окупаторот. И е историски непобитно збир од човечки шљам, нормално, без достоинство.

За денешново дереџе најдиректно според моќта и командната одговорност, според дејствата се виновни: Бранко Црвенковски, Владимир Милчин, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Љубомир Фрчкоски, Стојан Андов, Тито Петковски, Љупчо Георгиевски, Доста Димовска, Никола Груевски, Никола Поповски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков. Институционално, колаборационисти во квислиншката држава се УKИМ, МАНУ, МПЦ, Историскиот институт, Институтот за македонски јазик, УKИМ, МВР, МО, МНР, Министерството за правда, медиумите и нивните сопственици.

Ѓорге Иванов, иако целосно изолиран и непризнат за авторитет од домашните партиски главатари, а игнориран од медиумите, иако политички со најмалку уставни овластувања, како последна државна институција која ја симболизира државноста на Република Македонија е на пат со своето недејствување и запрепастувачка „неутралност“ во услови на преврат и странска окупација да добие историско признание и титула на врховен соучесник, ако не и капитулант.

Она што овој пат ќе биде првпат изведено е што црпнатиот и штрапан Заев прави сè да биде запишан како човек што сака антифашистичка Македонија да биде запишана како предизвикувач на регионална војна и за казна Советот за безбедност при ООН експресно да биде осуден и линчуван.

Од овие факти произлегува и одбранбената агенда на македонските патриоти. Стратегијата и тактиката. Организацијата на НОБ, хиерархијата, целите и политиките. Оваа агенда, како што веќе реков, ќе мора да се одработува ентузијастички, посветено, решително, со стегнати заби и голема свест и самосвест и во длабока илегала.

Па, нека ни е со среќа борбата за опстанок!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top