| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е жената преку која живее Дејвид Боуви

зена

По смртта, Дејвид Боуви има свој духовен пат. Така барем тврди Рене Кендал, која објави и книга за првата година од животот на Боуви како дух.

Рене Кендал има необична врска со познатиот музичар. Таа тврди дека тие двајца телепатски разговараат од кога го гледала филмот „Labyrinth“ 1991 година. Таа тврди дека тој и се „јавил дека ќе почине неколку минути пред да умре“ во 2016 година.

– Помина повеќе од една година откако тој почина. Неговиот дух и јас се зближивме и разговараме секој ден, сега сме сродни души. Тој однос ми го смени животот, а неговиот задгробен живот исто така се смени. Тој ме пронајде затоа што ми беше потребна помош во барањето вистински животен пат, рече Рене, која на социјалните мрежи веќе со месеци ја промовира својата книга за музичарот, за кого тврди дека ја напишал самиот, затоа што делува преку неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top