И денеска, 67- ми ден по ред, илјадници граѓани повторно дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, застанаа во одбрана на суверенитетот на државата и категорично побараа нови избори.
– Колку и да треба, секој ден, нема попуштање и нема предавање. Како и секој ден и овој ќе го завршиме пред Собранието по нашата патека, по патеката на државноста, а го започнуваме со македонската химна. И денеска во борба за своите правдини и слободен живот, истакна Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.
Насобраните граѓани заедно во еден глас ја испејаа химната и порачаа- да живее слободна, независна и суверена Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.