| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ не се побратимува со Заев: Некои луѓе не сфаќаат што значи да се биде премиер (ВИДЕО)

 

Изјавите на Заев за српски „Курир“ во кои тој го нарече српскиот премиер и иден претседател на Србија Александар Вучиќ националист обвинувајќи го дека предизвикува напнатост и криза во регионот предизвикаа остра реакција од српскиот државен врв. Имено вчера во две одделни изјави Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ го осудија Заев и му порачаа дека таквите изјави ќе остават траги во билатералните односи помеѓу двете држави.

Нападите на Заев врз него ги коментираше лично и самиот Вучиќ.

Не сум водел никаква националистичка политика, туку напротив водев политика на мир и на стабилност и таква политика ќе водам и во иднина. Мислам дека тој за сѐ што изговори многу повеќе зборуваше за себе, отколку за мене. За жал, некој луѓе во регионот не разбираат што значи да се биде кандидат за претседател на Влада или претседател на Влада и како морате да се однесувате, зошто на своите држави им ја отежнуваат работата, но тоа веќе е нивна работа – рече Вучиќ.


Вучиќ за изјавата на Заев дека Србите му се браќа, со следниот коментар:

Кои ни се браќа, кои ни се пријатели, ќе имаат можност граѓаните на Србија да видат за сите во регионот, веќе во септември, октомври, кога ќе биде гласањето во УНЕСКО. Тогаш е приликата да ги видиме нашите браќа кои тврдат дека ни се браќа и дека не сакаат најмногу на светот, така што јас ништо не зборувам до тогаш. На мене е да бидам многу поодговорен кон нивните земји, отколку што се тие одговорни во својот однос кон Србија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top