Популарната водителка на утринската емисија на телевизија „Канал 5“ не ја крие возбудата од запловувањето во брачните води, а особено е среќна што наскоро ќе стане мајка. Милена Антовска за „Република“ открива дека ова е најубавиот период од нејзиниот живот и дека едвај чека да се роди малата Лана. На својата верна публика ѝ порачува дека по породилното отсуство многу скоро ќе се врати на малите екрани и дека повторно ќе се дружат заедно.
Разговараме во период кога си многу зафатена. Подготвуваш свадба, договараш црква, ресторан… не е ли малку доцна за тоа? Те фаќа ли трема? До каде си со подготовките?
МИЛЕНА: Да, ова е најубавиот период во мојот живот, слатки маки. Црквата е на 29 април во Бигорски, а свадбата на 5 мај. Има многу работа, ама со добра организација сѐ се средува брзо. Трема немам, напротив едвај чекам да дојдат овие моменти, посебно во манастирот.
Кој го изработува твојот фустан, кој ќе се погрижи за твојот изглед?
МИЛЕНА: Фустанот за во Бигорски го подготвува Елена Лука, а фустанот за во ресторан Зијане.
Во исчекување си и на најубавиот подарок – првпат ќе станеш мајка. Што те плаши најмногу околу мајчинството?
МИЛЕНА: Не ме плаши ништо затоа што и не знам баш што ме очекува… хаха. Ми кажувале, но додека не почувствуваш на своја кожа, не си свесен што те чека. Јас сум највозбудена и најсреќна на свет што ќе станам мајка.
Како твојот свршеник реагира на тоа што ќе добие мало девојче?
МИЛЕНА: Пресреќен е, едвај чека да се роди. Како и сите татковци што се поприврзани за своите ќерки, претпоставувам дека и кај нас ќе биде така.
Разговаравте ли за име?
МИЛЕНА: Да, сакаме да се вика Лана.
Важиш за личност што секогаш внимава на својот изглед. Колку те промени бременоста? Успеваш ли да се задржиш на својот колосек – вежбаш, внимаваш на исхраната, активна си?
МИЛЕНА: Не ме промени многу, ги имам речиси истите навики, само што сега не вежбам. Си јадам сѐ што јадев и пред да бидам бремена. Повеќе ми се спие, ама сега со подготовките за свадба и немам многу време за одмор, но после свадба, дефинитивно, многу повеќе ќе одморам.
Има ли нешто што постојано ти се јаде или слично?
МИЛЕНА: Па, не баш, на почетокот многу сакав да пијам јогурт, сега немам некои посебни желби и потреби, во принцип сум скромна трудница… хаха.
Што најмногу ќе ти недостига од работата кога ќе бидеш на породилно отсуство?
МИЛЕНА: Па, дружењето со колегите, со гледачите, но се надевам ќе можам многу скоро да се вратам на работа и да продолжам таму каде што ќе застанам пред да заминам на породилно.
Многу жени решаваат да ја променат професијата по породилната пауза. Ти си им омилена на гледачите, да те очекуваат или имаш планови да ја напуштиш утринската програма?
МИЛЕНА: Сѐ уште не се гледам во друга професија, ја сакам телевизијата, во „Канал 5“, буквално, пораснав и созреав како водител, така што останувам каде што сум сега.
Пред некое време твојата колешка се најде на тапет на јавноста по еден коментар во живо? Тешко ли е секојдневно да се справуваш со гледачите и со нивните коментари?
МИЛЕНА: Тешко е секако, станува збор за емисија во живо. Ние, јавните личности мора да бидеме подготвени на сѐ и да знаме да прифатиме подеднакво и пофалба и критика. Сите сме имале секакви ситуации, и убави и неубави. Не е лесно да се справиш секогаш. Но, секое чудо за три дена, така што сѐ ќе биде како што треба.
Пишува: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 243. број на неделникот „Република“, 28.04.2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Каква била Дани Димитровска како невеста (фото)
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)