Екипата на Јувентус забележа голема победа на гостувањето кај Монако (0-2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алеегри по средбата имаше пофалби за чуварот на мрежата Џиџи Буфон.
Италијанскиот репрезентативен голман во неколку наврати покажа одличен рефлекс и ја сочува својата мрежа недопрена. Алегри за тоа вели дека Буфон уште еднаш покажал дека е најдобар голман во светот.
– Џиџи е најдобриот голман во светот, тој тоа го покажа на мечот против Монако. Многумина ја коментираат нашата победа, но го забораваат неговиот настап. Натпреварот го одлучи нашиот добар почеток. Монако е одличен тим, кој игра брз фудбал, направија неколку солидни шанси, но Џиџи ги спречи во намерите да постигнат гол. Одбраната исто така беше многу добра. На вакви натпревари играчите всушност покажуваат каков квалитет поседуваат – изјави Алегри.
Јувентус има сигурна предност во полуфиналето, исто како и Реал Мадрид, кој во првиот дуел со 3-0 го совлада Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.