Бред Пит првпат отворено говореше по разводот со Анџелина Џоли, признавајќи дека поради тоа многу пиел и постојано пушел марихуана.
Пит (53) во интервју реко дека престанал да пие, тргнал на рехабилитација и дека се договорил со Џоли своите проблеми да ги држи далеку од очите на јавноста.
– Само што ја почнав терапијата. Ми се допаѓа, многу ми се допаѓа. Одев кај двајца терапевти и го пронајдов вистинскиот – изјави Пит.
Џоли во септември 2016 година побара развод од Пит. Двојката има шест деца, а едно време Пит беше под истрага за негрижа за децата. Подоцна овие обвинувања беа отфрлени, откако двојката се договори бракоразводната парница ќе ја води приватен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.