Актуелниот шампион на НБА лигата, тимот на Кливленд Кавалирс славеше нова убедлива победа од 125-103 и поведе со 2-0 во полуфиналната серија против Торонто Репторс. Повторно лидер на тимот беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 39 поени.
„Кралот“ со постигнатите поени на синоќешниот натпревар го надмина легендарниот Карим Абдул Џабар по постигнати кошеви во плеј-оф натпреварите. Џејмс сега стигна до бројка од 5.767 поени, со што за пет коша го остави сега на третото место Карим Абдул Џабар (5.762). Сега единствена цел пред Џејмс е само Мајкл Џордан, кој има застанато на 5.987 поени, со оглед на формата на Џејмс се чини дека за брзо лидерот на Кливленд ќе избие на првото место.
Полуфиналната серија помеѓу Кливленд и Торонто сега се сели во Канада, каде ќе се одиграат два натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.