„Седум навраќања на темата Гане Тодоровски“ е насловот на манифестацијата со која Друштвото на писателите на Македонија ќе го чествува делото на овој автор чиј опус има значајно место во современите текови на македонската литература.
Преку седум беседи на познавачи на творештвото на Тодоровски (1929 – 2010), на денот на раѓањето на поетот, 11 мај, во 12 часот, ќе бидат осветлени аспекти на неговата поезија, книжевната наука, преводот, критиката и есејот. Низ сеќавања на неговите блиски соработници, ќе стане збор и за учеството на Гане Тодоровски во литературниот живот, како член на ДПМ од 1951 година и во два мандати претседател на македонската писателска асоцијација, за влогот во покренувањето, осмислувањето и развојот на Струшките вечери на поезијата, за боемскиот живот, како и за неговата педагошка работа на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Гане Тодоровски својата прва поетска книга, со наслов „Во утрините“, ја објави во 1951 година. Во наредните шест децении тој создаде обемен творечки опус за кој е добитник на високи признанија, меѓу кои и на наградите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Димитар Митрев“ и „Ацо Шопов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија