Фудбалерите на Јувентус на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на гостински терен со 0-2 го совлада Монако и обезбеди капитална предност пред реваншот. По натпреварот херојот на „старата дама“, Гонзало Игуаин беше резервиран.
– Јас се борев напорно за овие моменти. Воодушевен сум од моите голови, но мора да потенцирам дека овој дуел сè уште не е одлучен. Монако во сите претходни натпревари, во неколку наврати оваа сезона покажуваше одлични натпревари и на гостински терен. Се ќе биде јасно по вторите 90 минути на нашиот стадион – изјави Игуаин.
Реванш натпреварот на „Јувентус стадиум“ е закажан веќе за вторник, а доколку „старата дама“ помине во финалето, тогаш се поблиску сме до повторување на финалето на Лигата на шампионите од 1998 година, помеѓу Јувентус и Реал Мадрид кој исто така има огромни 3-0 пред реваншот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.