Во првиот натпревар од полуфиналето на Лига на Европа меѓу Ајакс и Лион, домашната екипа на „Јохан Кројф“ создаде огромна предност од 4-1 и речиси со едната нога се пласира во големото финале.
Ајакс обезбеди убедлива предност против Лион, совладувајќи го францускиот тим со 4-1, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Бертранд Траоре го отвори резултатот во 25.минута, а девет минути подоцна Каспер Долберг зголеми на 2-0.
Јунес на почетокот на вториот дел постигна трет гол за Ајакс, а Лион намали преку Матие Валбуена во 66.минута. Серијата голови ја затвори повторно Бертранд Траоре, кој во 71.минута зголеми на 4-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој дуел.
Утре се игра второто полуфинале во Лигата на Европа, Селта во Виго ќе го пречека Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)