Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години..
Замената на прозорците отвора и други трошоци како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна.
Главната улога на ПВЦ прозорот е да штеди енергија за затоплување и ладење. Uw= 1.0 W/m2K е бројка која означува коефициент на спроводливост на топлина и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори. Профилот може да биде рамен, заоблен или полу заоблен, не е важно од кој германски производител е, туку изведувачот на работата да биде од сериозна фирма со искуство во ПВЦ. Изведувачот е должен да обезбеди многугодишна функционалност и писмена гаранција за прозорецот, а пресудно за негов избор треба да биде понудата со подобар однос изолација во однос на цена.
Недоволно информираните се со мислење дека доколку се купи прозорец составен со познат германски профил дека се загарантирани потребните својства: изолација, функционалност и гаранција. Често прозорот се именува по бренд на профилот кој е само еден од составните елементи на прозорот, на пример: Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века и слично. Профилот не е единствениот составен елемент што го дефинира прозорот, од голема важност се сите останати елементи:
– Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозор. Стаклото задолжително треба да биде нискоемисионо или 4 сезони, пожелно е полнењето помеѓу стаклата да биде со аргон. Трослоен термопан има поголеми изолациски својства од двослоен термопан. Исто така поголем простор помеѓу стаклата има удел во изолациските својства на термопанот, трослоен термопан од 36 мм и трослоен термопан од 50мм немаат исти изолациски својства.
– Железо во ПВЦ профил се става за да ја зголеми цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо внатре прозорот би се кривел и не би функционирал исправно.
– Оковот има најголемо влијание во функционалноста и безедноста на прозорот.
За да прозорот функционира беспрекорно сите елементите треба да се изберени правилно и прецизно склопени, поставениот оков да ја има потребната носивост, во профилот да се постави железо со дебелина според димензија на прозор.
Монтажата мора да биде изведена стручно. Прозорите треба да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандарди за да ја добиеме очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, правилната опшивка околу прозорците има влијание во изолацијата и спречување на влага. Затоа е важно монтажата да ја прават лица со големо искуство во монтажа на ПВЦ столарија.
извор: Точка, мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.