Во своето шоу „Jimmy Kimmel Live“ водителот Џими Кимел вчера на гледачите им откри дека на 21 април му се родил син.
Тој со публиката ги подели и болните моменти кои неговото семејство ги доживеало три часа по раѓањето на малиот Били.
-Мојата сопруга Моли без никакви компликации на свет го донесе нашиот син. Се изгледаше во најдобар ред и додека нашето семејство се запознаваше со новиот член, во собата дојде медицинска сестра која примети дека Били не дише добро. Лекарите со преглед открија дека нема проблеми со белите дробови, туку со срцето. Испитувањата открија дека Били е роден со дупче на делот кој ги раздвојува левата и десната страна на срцата, низ солзи раскажа водителот.
Неговиот син е опериран три дена по породувањето, а Џими призна дека тие три часа, колку што траела операцијата, му биле најдолгите три часа во животот.
Им се заблагодари на сите доктори и на сите кои се молеле за неговиот син, а посебно и се заблагодари на сопругата Моли, која била силна и храбра цело време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)