| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина Астеруд: Ах Талат, Талат, кое разочарување

talat sobranie

Ах, човек на ништо да не може да се израдува и за ништо да не може да му олесни во оваа земја! Ах, Талат, Талат, кое разочарување, ова со знамињата во кабинетот на Претседател на Собранието на РМ е ок?! Навистина?! Со оглед на се и после се?! Ама, ова како „ми се може“, така?!, пишува на „Фејсбук“ поранешната пратеничка од СДСМ, Каролина Ристова-Астеруд.

– Впрочем, во целава наша „атмосфера“ изгледа само утврдивме дека само ДПМНЕ, македонскиот национализам и национал-шовинизам се зло, но истите феномени кај ДУИ, другиот албански политички фактор, кај Албанците воопшто, се баш кул и далеку ќе ја одведат и земјата, и регионот, а богами и самите Албанци? Исто како што утврдивме дека не чини само кога Македонци не почитуваат устав и закон, демократски процес на усогласување и одлучување , кога се корумпирани, кога крадат и кога владеат лошо, на ѓон или насилнички? Кога сето тоа го прави албанскиот политички фактор и Албанците во Македонија, дал на државно ниво, дал на ниво на единици на локална самоуправа (со посебна сласт и страст кон мнозинството што е во позиција на малцинство, но и кон другите малцинства, што ќутенкум, што декларирано како од страна на Села во неколку прилики), е тогаш се е ок, за замижување, за неодговорност, за користење различни, двојни-тројни стандарди и секакви песни на апологија до правење улави, а и, секако, ич не влијае на џебот и на животот на цело граѓанство, па и на тие од „мнозинството“, имено, Македонците.

– Ова со знамињата е потсетувањето на тоа денес? Јас како граѓанка никаде и никогаш не сум имала шанса и можност да издебатирам и да одлучам, во Собранието на РМ, од пратениците, па згора, ни помалку-повеќе, од претседателот на Собранието, кој како „прв меѓу еднаквите„, не преставува сите, да се употребува било кое друго знаме, па и тоа да е на некоја од етничките заедници, а не знаме на друга држава, освен официјалното државно знаме како знаме за сите нас, пишува Ристова-Астеруд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top