| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен англиски репрезентативец заврши во лудачка кошула!

Поранешниот репрезентативец на Англија, Арон Ленон, задржан е на лекување на Клиника за психијатриски болести, поради менталната состојба во која се наоѓа. 30-годишниот фудбалер на Евертон пренесен е во болница по итниот повик и реакцијата на полицијата.

– Ленон е на посебна нега поради неговата болест предизвикана од стрес – стои во соопштението од англискиот клуб.

Веднаш по објавувањето на веста дека се работи за поранешниот англиски репрезентативец, за Ленон почнаа да стигнуваат пораки со поддршка од сите страни.

– Полицијата е повикана околу 4.35 наутро поради грижа за менталната состојба на човек на Еклс Олд Роуд. Полицајците му пријдоа на 30-годишен човек и го приведоа врз основа на член 136 од Законот за ментално здравје и тој е однесен во болица на испитување – се наведува во соопштението од полицијата.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, на „Гудисон Парк“ дојде во 2015 година. Ленон од февруари годинава нема настап за првиот тим на Евертон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top