| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелини: Тие што мислат дека Монако е лесен противник не разбираат фудбал!

dzordzo kjelini

Екипата на Јувентус вечерва на „Луј втори“ го игра првиот меч од полуфиналниот двобој со Монако од Лигата на шампионите. Италијанскиот првак важи за благ фаворит во овој двомеч, но дефанзивецот Џорџо Кјелини смета дека Монако воопшто не е наивен ривал. Тој потенцира дека младите фудбалери на францускиот тим имаат неверојатна самодоверба по одличните резултати во оваа сезона.

– Тие што мислат дека Монако е лесен ривал, не разбираат фудбал. Можеби по ждрепката делуваше дека го добивме најлесниот противник, но ние имаме максимален респект за Монако. Тоа е тим составен од млади фудбалери кои се желни за успех, а сега се полни со самодоверба по одличните резултати што ги остварија во оваа сезона. Имаат неверојатна статистика во Франција, минаа одличен пат во Европа, победија неколку големи европски тимови, и токму затоа заслужуваат максимална почит. Тие играат на многу високо ниво, но ние имаме една цел – да ја освоиме Лигата на шампионите – изјави Џорџо Кјелини во пресрет на вечерашниот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top