Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн за противник ќе ја има Барселона со Борко Ристовски и Кире Лазаров.
Според македонскиот ракометен репрезентативец од редовите на Барселона Борко Ристовски овој дуел ќе биде повеќе тактичко надмудрување на двајцата шпански тренери, Раул Гонзалес и Чави Пасквал кои добро се познаваат меѓу себе.
– Вардар и Барселона и двајцата шпански тренери се познаваат доволно добро. Вардар не игра груб ракомет што нам повеќе ни одговара, туку играта повеќе се базира на тактиката. Така што ова полуфинале во Келн ќе биде повеќе тактичко надмудрување. Нормално, се надевам дека ние ќе бидеме побединици во тоа и дека ќе играме во финалето на Ф4 вели македонскиот репрезентативец на голот на Барселона.
– На Ф4 нема слаба екипа. Ние немавме некоја посебна желба, подготвени сме без разлика кој и да ни се падне во полуфиналето. Вардар има многу квалитетен тим. Играат добро, имаат сериозна екипа и сите што ги потценија, имаа проблем во дуелите со нив. Ние нема да направиме таква грешка.
Секако, е голем успех што на Ф4 во Лигата на шампионите има и македонска екипа и што ние со Барселона ќе играме со екипа од нашата земја. На Ф4 нема слаба екипа. Ние немавме некоја посебна желба, подготвени сме без разлика кој и да ни се падне во полуфиналето.
Вардар има многу квалитетен тим. Играат добро, имаат сериозна екипа и сите што ги потценија, имаа проблем во дуелите со нив.
Ние нема да направиме таква грешка. Секако, е голем успех што на Ф4 во Лигата на шампионите има и македонска екипа и што ние со Барселона ќе играме со екипа од нашата земја. На Вардар му посакувам успешен настап во Келн, но, нормално посакувам наша победа – вели Борко Ристовски по ждребката на полуфиналните двојки за Ф4 турнирот во Келн
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.