Граѓани на заедничка Македонија, продолжуваме! Уште похрабри, посплотени, поенергични и порешителни, порачуваат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои денес ги продолжуваат своите протести и ги повикаа сите граѓани со почеток од 17 часот да им се придружат.
– Горди сме на граѓаните што во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните што застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните што нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа! Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им поминат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, волја и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно – наведуваат од граѓанската иницијатива.
– Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира претседател на Собрание како да избира претседател на куќен совет. Ако за тие што праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е света и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас. Бараме од институциите да поведат постапка за сите што се обидоа да извршат државен удар и надвор од сите процедури кршејќи го Уставот да избираат претседател на Собранието. Не нѐ интересира кој го поддржал незаконскиот Џафери, во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии што си го гледаат својот интерес, а не интересот на граѓаните на Република Македонија. Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Место да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат државен удар и на сила да ја преземат власта. Нема да им помине. Ниту овој, ниту кој било нареден обид да провоцираат толпа, да ги провоцираат граѓаните на Република Македонија, сакајќи во лице да им се смеат, додека го кршат Уставот – нагласуваат од „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“