Љубителите на ракометот се во очекување на ждрепката зa завршниот турнир во Лигата на шампионите, а интересно е што во Келн домашната публика нема да има свој миленик затоа што првпат по воведувањето на овој формат на завршницата нема да има германски тим.
Кил и Флензбург добија беа елиминирани од Барселона и Вардар, па Германците нема да имаат свој тим на завршницата. Единствен претставник на Германија, интересно, ќе биде ракометарот на ПСЖ, Уве Генсхајмер. Тој е единствениот Германец кој ќе истрча на теренот на „Ланксес“ арената во Келн.
Македонија, пак, покрај Вардар како тим, индивидуално ќе има четири претставника – Стојанче Стоилов и Петар Ангелов (Вардар), како и Кире Лазаров и Борко Ристовски (Барселона).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.