Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето за учесниците во немирите кои се случила во Скопје на 2 март откако Талат Џафери беше назначен за министер за одбрана на Македонија.
Имено, им се суди на 17 лица, кои на 2 март годинава вршеле насилства од Владата до Бит-пазар за време на контрапротестот за Талат Џафери.
Беа оштетени возила на полицијата, 2 автобуски станици, беше запален автобус, а два други беа оштетени, беа оштетени и повеќе градби како Музејот на холокаустот и Стариот театар итн. Штетата се проценува на 9 милиони денари.
На судењето се повикани најмалку 30 оштетени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.