Три лица осомничени беа уапсени во Вандевр ле нанси, предградие на Нанси под сомнение дека им давале логистичка поддршка на двајцата осомничени за спречениот планиран терористички напад пред првиот круг од претседателските избори во Марсеј, јави дописникот на МИА од Париз.
Тројцата осомничени се млади луѓе и тие се обвинети од страна на обвинителот од Париз за „злосторничко терористичко здружување“ и „стекнување, поседување или транспорт на оружје во врска со терористички потфат“. Трите лица беа уапсени во текот на оваа недела во предградијата на Ненси, на тројцата им е изречена привремена мерка затвор, француските истражни власти сметаат дека тие се опасни и дека активно учествувале во подготовката на терористичли напад пред првиот круг од претседателските избори, во неделата на 23 април. Еден од уапсените е политички бегалец од Чеченија на возраст од 24 години и две лица со потекло од Косово, на возраст од 19 и 35 години. Тројцата биле во врска со Клеман Баур и Мохамед Мерабет, уапсени во Марсеј неколку дена пред претседателските избори. Во оваа фаза на истрагата нивната вклученост во планираниот терористички напад се уште не е позната.
Според весникот „Л’Ест Републикан“ тројцата осомничени, наводно, ги снабдиле со оружје двете лица уапсени во Марсеј, оружје кое било пронајдено во нивиот стан. Арсеналот се состои од пушки, вклучувајќи и пушкомитралез и големи количества на експлозиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.