| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите против Исланд

 

rakometari

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за претстојните квалификациски дуели против Исланд за пласман на Европското првенство во Хрватска. Македонија ќе биде предводена од новиот селектор Раул Гонзалез.

На стартот од повиканите 19 ракометари беа присутни 16, а отсуствуваа капитенот Кирил Лазаров и играчите на Рајн Некар Ловен Дејан Манасков и Филип Талески.

– Ќе одиграме два тешки натпревара против Исланд. Сакам да постигнеме победа на домашен терен. Имаме играчи кои сакаат да тренираат, а што се однесува до Исланд мислам дека воопшто нема да биде лесно против нив. Прв играч им е Арон Палмарсон од Веспрем и игра во добра форма. За нас најважно ќе биде прво што ќе направиме во четврток, истакна селекторот Гонзалез.

Првиот натпревар од квалификациите Македонија и Исланд го играат во Скопје на 4 мај во „ВИП Арена“ СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top