Американската актерка Анџелина Џоли посвоила едно од своите деца – Медокс од Камбоџа со фалсификувани документи.
Таа го презеде старателството над детето од Моунх Сара во 2003 година, кој се покажало дека не е вистинскиот татко на момчето, но потпишал документи во кои неговото име фигурира како такво.
Зделката ја откри директор на добротворна организација, кој го потпомогнал фалсификувањето за олеснување на процесот. Во моментов нема податоци дека Џоли знаела за тоа. Посвојувањето е спроведено од службеничка на име Лори Галиндо, која е обвинета од властите за бројни прекршувања на законот за фалсификување на личните податоци на деца, кои имаат добивано американски семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.