| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина загинати, а десетици повредени во силно невреме во јужниот дел на САД

Nev

Најмалку шест лица загинаа, додека десетици се повредени откако огромни бури, вклучувајќи неколку силни торнада, ги погодија Арканзас, Мисури и регион на Тексас, источно од Далас. Најмалку три торнада го погодија Тексас, соопшти Националната метеоролошка служба.

Градоначалничката на Кентон, Лу Ем Еверет изјави денеска на прес­-конференција дека најмалку четири лица загинале, а 49 луѓе се повредени, нагласувајќи дека ситуацијата е многу променлива, а штетата е огромна. Таа област останала без електрична енергија, а торнадо превртелo десетина автомобили на автопат источно од Кентон.

Здравствените власти во Тексас соопштија дека 52 лица се префрлени во три болници, а едно од нив се наоѓа во критична состојба. Во Мисури една 72­-годишна жена се удавила во поплави предизвикани од невремето, а во Арканзас едно лице загина откако врз него паднало дрво. Во поплавите биле спасени 20 луѓе, а властите трагаат по две деца. Во Оклахома вчера е прогласена вонредна состојба поради големите поплави, поради кои 12.000 луѓе останале без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top