По внимателно координираните настаните од четвртокот вечерта, американски и европски дипломати веднаш го поздравија изборот на Талат Џафери, етнички Албанец и поранешен член на УЧК кој што беше номиниран на 27 март од страна на левичарската партија СДСМ за претседател на парламентот – првиот чекор потребен за да се формира влада која ќе биде слаба во најдобар случај. Апсурдната постапка се случи во посебна просторија со гласање, без писмена евиденција и имаше и пеење на националната химна на Албанија, пишува Крис Делисо за Балкананалајзис.ком
Според локалниот закон, претседателот на парламентот станува национален претседател во случај претседателот да е отсранет од функција или убиен. Постои можност дека СДСМ ќе се обиде да бара отповикување на претседателот Иванов за да се случи тоа. Претседателот ги контролира вооружените сили и надворешната разузнавачка служба. Повеќе локални извори присутни за време на настанот се сомневаат дека и тајмингот и провокативни дејства на СДСМ и на албански пратеници се осмислени за да се предизвика насилен одговор што ќе ги направи да изгледаат како жртви. Тактиката, по примерот на многу помал сличен настан во декември 2012 година, функционираше.
За Бејли, одржливиот македонски пацифизам беше голема иритација. 60 дневните собири на „За заедничка Македонија“ беа целосно мирни, за разлика од минатогодишната „Шарена револуција“ составена од активисти на СДСМ и поддржана и финансирана од УСАИД . Но, овогодинешните протестанти долго време се закануваа дека ќе влезат во парламентот, ако опозицијата се обиде да избере спикер без да се откаже од Тиранската платформа (постизборен сет на максималистички етнички барања подготвени во канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама).
Тоа предупредување создаде одлична можност за Бејли и неговите пријатели да креаираат сценарио што ќе гарантира насилен исход- и на тој начин да се дискредитира автентичниот и мирен јавен протест. Сепак, останува нејасно кој извршил какво насилство, бидејќи партиските ривали и медиумите презентираат различни сценарија и докази.
Но, повеќето меѓународните медиуми, кои во голема мера ги игнорираа мирните протести што се одржуваа во текот на овие два месеци, го поддржаа описот на настаните од страна на СДСМ. И сите западните сили го осудија насилството, навестувајќи дека тоа е удар врз демократските процедури и сугерирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот. Во прилог на тактиката за управување со перцепцијата, немилиот настан помогна да се одврати вниманието ос активностите на Амбасадата на САД и на амбасадорот Бејли пред, за време и по драмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.