| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски и Палермо конечно победија (Видео)

Македонскиот репрезентативен напаѓач и откритието на Палермо оваа сезона, Илија Несторовски одигра 82. минути во победата на неговиот тим против Фиорентина на домашен терен (2-0). Сицилијанците го запишаа само четвртиот сезонски триумф, а истиот беше извојуван со головите на Дијаманти во првото полувреме и Алесами во последната минута од мечот.

Милан продолжи да реди разочарувачки резултати и ремизираше на гости кај Кротоне (1-1), кој врза пет последователни натпревари во Серија А без пораз. Трота уште во осмата минута донесе предност за домашната екипа, која очајно се бори за секој бод, а Палета на стартот од вториот дел ги постави конечните 1-1.

Во останатите мечеви од италијанската најсилна лига, Џенова не успеа да го сочува водството од првиот дел кој и го обезбедни нашиот Пандев и загуби на домашен терен од Киево со 1-2. Болоња го победи Удинезе (4-0), Сасуоло освои три бода кај Емполи (1-3) и Каљари на домашен терен ја победи Пескара (1-0).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top