Ова е најубавиот период во мојот живот, слатки маки. Црквата е на 29 април во Бигорски, а свадбата е на петти мај. Има многу работа, ама со добра организација, се средува брзо. Трема немам, напротив, едвај чекам да дојдат овие моменти, посебно во манастирот. Фустанот за во Бигорски го подготови Елена Лука, а фустанот за во ресторан Зијане – изјави Милена Антовска, популарната водителка на утринската емисија на телевизија „Канал 5“ во интервјуто за неделникот „Република“.
Целото интервју со Антовска може да го прочитате во најновиот број на неделникот кој излезе во печат на 28. април 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.