| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: За СДСМ ова е битка за власт, за нас ова е битка за Македонија

nikola-todorov-nova

За СДСМ ова е битка за власт, а за нас, ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за државата, истакна меѓу другото Никола Тодоров во своето вечерашно гостување на Нова Тв.

Тој истакна дека не е ништо ново во демократијата да се промени власт и тоа не е страшно, но вели страшно е како е тоа направено неуставно, нелегитимно, неделовнички.

– Ние веруваме во демократијата, во Уставот, законите, процедурите. Ако не се почитуваат процедурите и секој кој е на позииција може да одлучува како нешто ќе направи спротивно на законите, тоа не е демократија. Тоа не смее да се дозволи, тогаш паѓа суверенитетот, државноста, тогаш може некој да ни ја оспори и државата, вели Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top