| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската БГНЕС:Албанската химна ја зовре Македонија(видео)

бу
Една од основните причини кои доведоа до тежок инцидент во македонскиот параламент, беше исполнувањето на албанската химна од говорницата на највисокиот законодавен дом во Скопје, пренесува бугарската БГНЕС.

Во минутите кои следеа народните претставници од Социјалдемократскиот сојуз(СДСМ) и уште две албански партии го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот. Во тој момент пред заградата на Парламентот и во центарот на Скопје имаше илјадници протестанти. Дел од нив влегоа во Паралементот, при што настрадаа неколку пратеници.

Македонскиот парламент преживеа еден од најдраматичните денови, а веќе сега ситуацијата е мирна. Од МВР инофрмираат дека ги презеле сите мерки за безбедност и заштита на граѓаните, пренесува буграската БГНЕС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top