Група навивачи на ракометниот клуб Металург вчера вечер го каменувале автобусот на навивачите на РК Вардар, во близина на хотелот „Континентал“.
Според МВР, околу 23 часот од страна на возач на автобус на ЈСП е пријавено дека на автобуската постојка на булевар Александар Македонски во Скопје, од страна на повеќе непознати лица со фрлање камења е скршено задно стакло од автобус што сообраќал на линија број 66 кон село Бучинци.
Во врска со ова на самото место веднаш излегле полициски службеници, притоа на самото место е пронајдено лицето С.С.(26), кај кого била пронајдена и одземена една дрвена палка. Од извршениот разговор со возачот на автобусот, како и со приведеното лице е дознаено дека станувало збор за група навивачи на ракометниот клуб Металург, кои со камења фрлале по автобусот во кој, пак, се превезувале навивачи на РК Вардар . Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



