Во првиот меч од 34. коло на италијанската Серија А, вечерва домакинот Аталанта успеа да остане непоразен и со резултат 2-2 му извлече реми на шампионот Јувентус. „Старата дама“ има за што да жали бидејќи беше подобар противник во второто полувреме кога ја надокнади минималанта негатива од пвиот дел и се до 89. минута имаше водство од 1-2.
Еден краток пад на концентрацијата го чинеше актуелниот првак два бода од оваа средба кога по несмасната интервенција на гостинските дефанзивци Аталанта сепак успеа да стигне до бод со голот на Фрулер во 89. минута.
И покрај нерешениот исход, актуелниот италијански шамион има комотна предност на врвот на табелата, каде со натпревар повеќе од второ пласираната Рома има плус 9 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.