| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Јас му реков на Аце да пука во Собрание (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма излезе со тврдење дека тој ја дал наредбата да се пука и да се испровоцира гневот на граѓаните при вчерашните насилства во Собранието.sobranie nemiri 27 04 2017 (24)

-Службеното лице е полицаецот Аце, не е тој со пиштол на сликата што држи надвор, ќе го препознаат гледачите, но Аце е другото службено лице, тоа се двајца полицајци, официјално обезбедување на поранешниот министер за внатрешни, останаа со Оливер Спасовски. Во еден момент вели јас сум полицаец, ја дига значката, ве молам отстапете дојдовме до животот на пратениците. Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати, рече Заев.

Останува отворено прашањето дали ќе има ли одговорност за полицискиот слузбеник, кој спротивно на процедурите барал совет од Заев дали да употреби огнено оружје во Собранието пред десетици луѓе, ризикувајќи ги нивните животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top