| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“: Ако не сме заедно ќе нè нема, ќе ја нема ни Македонија

-Ова сценарио е за разнебитување на Македонскиот народ, ако не сме заедно ќе не нема, ќе ја нема ни Македонија, ќе ја крстат како што сакаат, ќе пејат химни, ќе менуваат знамиња, рече во своето обраќање Борис Дамовски на протестот пред канцеларијата на ЕУ во Скопје.

-Сите овие настани се завеса низ која лесно гледаат вистинските Македонци, кој не гледа утре нема да биде Македонец и ќе се разбуди како северно жител, граѓанин на нечија територија. Мора да знаат дека нема да се откажеме од нашите барања, тие се нови избори, легитимитетот е на народот и тој ќе решава, нема повеќе туѓи химни во нашата земја и да живее Македонија, порача Дамовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top