| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез не ферма никого, се скара и со британскиот премиер Камерон

Луис Суарез не ферма никого, а најновата кавга му е со премиерот на Англија, Дејвид Камерон. Првиот човек на владата на оваа земја реагираше на однесувањето на уругвајскиот напаѓач со изјава, а Суарез веднаш му возврати.

– Имам седумгодишен син кој многу го сака фудбалот. Кога го гледа Суарез, се поистоветува со неговите потези и однесување. За жал, постапките на Суарез се неприфатливи – рече Камерон.

Суарез возврати на островните стрели со долевање оган и не остана должен.

– Што вели, дека сум лош пример за децата? Зошто воопшто коментира за луѓе што не се државјани на Англија. Тој треба да се грижи за својот народ – возврати Суарез и по сѐ изгледа си ја отвори ширум портата за излез од островската земја. Моментно е член на Ливерпул, но со гафовите што ги прави на теренот и надвор од него, веројатно си ја запечати кариерата во оваа земја. За него е заинтересеиран Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ не сака да ја плати отштетата што ја бара Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top