Најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија, Масакрот кај Вејце, се случи на 28 април 2001 година во 17.45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невиениот масакр.
Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Ден пред одбележувањето на 16-годишнината од масакрот, во Собранието на Република Македонија СДСМ и албанските партии изведоа државен удар, кој започна со интонирање на албанската химна од говорницата.
Химната ја испеа пратеникот Зеќирија Ибраими од Беса и додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ силно негодуваа, пратениците Албанци, меѓу кои и оние од СДСМ, застанаа за почит, а пратениците од СДСМ не-Албанци премолчаа.
По официјалниот деловнички завршеток на денешната собраниска седница, пратениците на Заевата коалиција одбија да го напуштат парламентот. Иако свесни дека надвор пред законодавниот дом се одвива протестот на граѓаните од за заедничка Македонија, тоа не го спречи Заев надвор од деловникот со своите пратеници да избере нелигитимен претседател на Парламентот.
Претседателот на Собранието Трајко Велјановски прогласи крај на седницата, што наиде на отпор од пратениците на СДСМ, БЕСА, ДУИ и Алијансата на Села. Надвор од сите деловнички норми, со очигледна намера за спроведување на замисленото, Ферид Мухиќ како најстариот присутен пратеник од СДСМ и албанските партии меѓу клупите ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Веднаш потоа, со 62 гласа за од коалицијата на Заев, Талат Џафери од ДУИ беше избран за незаконски претседател на парламентот. Во текот на незаконската процедура, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееја химната на Република Македонија, онаа на која Заев и неговите албански партнери не се чувстуваат комотно.
Целата ситуација беше постојано пропратена со обид за мирно спречување на државниот удар од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа дека во Собранието се врши пуч и предупредуваа на последиците од него.
Надвор од сите норми и востановени правила, скриен од своите, меѓу клупите, Талат Џафери даде заклетва за претседател на Собранието, а потоа се обрати прво на албански, па на македонски.
Лидерот на СДСМ по ова во прес-центарот на граѓаните им го честиташе изборот на нелигитимно избраниот собраниски спикер.
Заев рече и дека изборот е извршен согласно сите деловнички норми, иако тој и неговата коалиција извршија упад во деловникот и извршија класичен државен удар со далекусежни последици.
Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити, зашто до денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)