| четврток, 6 декември 2018 |

Ефенди Сулејман Реџепи: Власта ја фаворизира МПЦ

sulejman-redzepi-2

МПЦ е фаворизирана верска заедница во Македонија, и тоа по сите нишани. Тоа е однос кој не е во согласност со Уставот на Република Македонија, обвинува поглаварот на ИВЗ во Македонија, реис-ул-улема Сулејман-ефенди Реџепи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На новинарско прашање во врска со писмото на битолскиот муфтија со наслов „Раната на мртовецот не боли“, Реџепи вели:

– По мое длабоко мислење, апсолутно вистината не е во тоа дека алудира на МПЦ, туку веројатно алудира на религиската конференцијата, ми се чини. Инаку, битолскиот муфтија не е тој кој ја претставува Исламската верска заедница, Исламската верска заедница на Македонија ја претставувам јас. Меѓутоа, со оглед на тоа дека писмото на битолскиот муфтија беше насочено и кон премиерот и особено кон директорката на Комисијата за односи со верските заедници, госпоѓа Валентина Божиновска, во реакцијата тие се обидуваат некако да го девалвираат тоа писмо, или да го игнорираат или да го замислуваат како невистина.

Запраша како ја коментира изјавата на Божиновска во кое таа вели дека ИВЗ се однесува како политичка партија, шефот на ИВЗ вели:

– Што ќе ја коментирам. Апсолутно нема врска со здравиот разум, таа треба  да го аргументира тоа. Има една права вистина, за првпат ниеден политички субјект откако се дозна дека ние ќе ја бојкотираме конференцијата не се јави да каже „одете бојкотирајте ја или не ја бојкотирајте“. За првпат ова се случи и јас почитувам едно такво однесување на политичките партии да не се мешаат во внатрешните работи на верските заедници. Единствена точка која можеби ни ги замаглува односите и со Македонската православна црква е политиката.

Зошто?

– Таму има политички диктат.

Во МПЦ?

– Да. Со оглед дека е фаворизирана верска заедница во Македонија. Фаворизирана е и тоа по сите нишани. Тоа е однос кој не е во согласност со Уставот на Република Македонија, тоа е едно. Второ, не ѝ прави добро на државата, не е во интерес на државата, со оглед на тоа што односот на државата и на државните институции треба да биде ист со овие уставни верски заедници. И сега државата ја дискриминира Исламската верска заедница, тоа отворено го кажувам и потоа како ние да бидеме авторитет, да влијаеме на муслиманите во Македонија, кога ќе има потреба за тоа, кога самата држава сака да не разобличи. Самата држава сака да ни го наруши авторитетот што го имаме кај верниците, не знам зошто им е потребно тоа. Со МПЦ имаме почит и мене ме почитуваат и јас ги почитувам личностите таму, но за жал тоа е тоа.

Целото интервју овде

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top