| четврток, 6 декември 2018 |

Татни од шок-бомби, полицијата воспоставува ред (ВИДЕО)

Пред Собранието на Македонија во моментов е мирно, а се забележува и дека излегуваат граѓани кои претходно влегоа во собраниската зграда.

Насобраните пред законодавниот дом скандираат „Македонија, Македонија“ со развиорени знамиња, а беа запалени неколку факели.

Претходно, од внатрешноста на Собранието се слушнаа неколку шок бомби. МВР соопшти дека од собраниската зграда околу 21:40 часот биле евакуирани триесет пратеници и оти се преземаат мерки за воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top