Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните кои се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија да не даваат отпор на полицијата и да не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при преземање на мерки за евакуација и укажување на медицинска помош на тешко повредени пратеници, полициски службеници и граѓани.
Во овие моменти полицијата со фрлање на неколку димни бомби се обидува да ослободи еден од влезовите во Собранието. Поради димните бомби народот се повлекува наназад.
Се претпоставува дека се прави обид да се создаде простор за брзата помош да може безбедно да ги превземе повредените од Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?