Во моментов некој се обидува овде да направи државен удар, народот тоа нема да го дозволи, порача денеска од на пред Собранието Богдан Илиевски, член на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и побара од граѓаните гласно да ги поздрават пратениците кои се внатре.
– Денеска бараме од вас гласно и прецизно, многу бучно да ги поздравиме сите кои на сила седат внатре и забораваат дека на сила може да излезат од внатре бидејќи народот е газда овде, истакна Илиевски, по што граѓаните скандираа „Избори, избори“ и „Ова е пуч“.
Додека на бината зборуваше Илиевски пред Собранието излегоа припадници на специјалните сили, а тој им порача дека тие од кои треба да го бранат Собранието се внатре.
-Нека знаат и тие кои по службена должност се тука, не дека сакаат, да знаете и сите вие дека нема да има потреба за интервенција, бидејќи ако дојде тој ден сите заедно ќе влеземе внатре, посочи Илиевски.
Тој рече дека граѓаните но и безбедносните сили ја бранат Македонија од, како што вели, од ништожниците кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни.
-Тие ја бранат Република Македонија, ја браниме и ние од ништожниците кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни внатре. А тие господа положиле заклетва дека ќе ја бранат оваа земја од секој кој сака да и наштетите. Не дозволувајте службеното дејствување да ве вознемири, рече Илиевски, дополнувајќи дека денеска граѓаните нема да си заминат се додека од Собранието не излезат сите пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски:Ако замолчиме, ако замижиме сега, ние ќе сме генерацијата која допринела за укинување на македонската држава!
-
Протестите продолжуваат в понеделник, денеска панел-дискусија
-
Илиевски: До победата мора да се бориме!
-
Илиевски: Во Собранието се обидуваат да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот