| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Во моментов некој се обидува овде да направи државен удар, народот тоа нема да го дозволи

Во моментов некој се обидува овде да направи државен удар, народот тоа нема да го дозволи, порача денеска од на пред Собранието Богдан Илиевски, член на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и побара од граѓаните гласно да ги поздрават пратениците кои се внатре.

– Денеска бараме од вас гласно и прецизно, многу бучно да ги поздравиме сите кои на сила седат внатре и забораваат дека на сила може да излезат од внатре бидејќи народот е газда овде, истакна Илиевски, по што граѓаните скандираа „Избори, избори“ и „Ова е пуч“.

Додека на бината зборуваше Илиевски пред Собранието излегоа припадници на специјалните сили, а тој им порача дека тие од кои треба да го бранат Собранието се внатре.

-Нека знаат и тие кои по службена должност се тука, не дека сакаат, да знаете и сите вие дека нема да има потреба за интервенција, бидејќи ако дојде тој ден сите заедно ќе влеземе внатре, посочи Илиевски.

Тој рече дека граѓаните но и безбедносните сили ја бранат Македонија од, како што вели, од ништожниците кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни.

-Тие ја бранат Република Македонија, ја браниме и ние од ништожниците  кои се обидуваат да наметнат платформи од други земји и да пеат туѓи химни внатре. А тие господа положиле заклетва дека ќе ја бранат оваа земја од секој кој сака да и наштетите. Не дозволувајте службеното дејствување да ве вознемири, рече Илиевски, дополнувајќи дека денеска граѓаните нема да си заминат се додека од Собранието не излезат сите пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top