За конечен излез од кризата и решение на оваа многу комплицирана состојба во која се наоѓа Македонија бараме одржување на нови парламентарни избори, изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Баравме отфрлање на тиранската платформа. Учесниците во таа тиранска коалиција одбија да ја отфрлат, меѓутоа покажавме дека ние на улиците сме посилни. Затоа бараме одржување на нови парламентарни избори, рече Илиевски на денешната пресконференција по средбата со Здружението на пензионери на Општина Бутел.
-Како што најавивме, посочи Илиевски, на 60тиот ден од почетокот на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ започнуваме средби со разни организации, здруженија и целни групи со цел да дискутираме за моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија, за нашето движење и што во иднина треба да се случува.
Според Ванчо Петрушевски, иницијативата „За заедничка Македонија“ не се однесува само на најбунтовната возраст и на младите, туку и на пензионерите и постарите.
-Народот наш сака да живее во една татковина, сака да живее мирно, да има спокојна старост и да има млади луѓе што ќе ја носат оваа држава напред. Бараме што поголема масовност и повеќе присутни на овие протести за нашето барање да добие поголемо значење, изјави Петрушевски.
Претседателот на Здружението на пензионери на Општина Бутел Љупчо Димовски, рече дека сите пензионери се загрижени за работите што се случуваат.
-Пензионерите за овие десет години видоа што значи живот во Македонија. Покачување на пензиите има секоја година и сега се плашат и слушаат дека ќе ги намалат пензиите. Не треба така да се зборува за пензионерите. Ние знаеме дека ќе опстоиме и ќе се бориме до крај да си ги зачуваме она нашето пензионерското, изјави Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)