| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за државен удар: Заев прегази стотици илјади граѓани, не гледа ништо лошо во тиранската платформа (ВИДЕО)

Игнорирајќи ја волјата на стотици илјади граѓани, кои секојдневно на улиците пртестиртаат против прифаќањето на тиранската платформа, за зачувување на унитарниот карактер на Македонија и за избори за крај на кризата, претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од собраниската говорница повика на државен удар и избор на нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од собранискиот Деловник и процедура, спротивно на Уставот.  Заев од говорницата се закани дека ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, а истото го повтори и на прес-конференција.
На конференцијата за печатот во Собранието Заев уште една повтори дека ќе ја реализира Тиранската плаформа и дека е беспредметно да се дискутира дека има нешто негативно во платформата.
Апсолутно, ќе ми кажете прво што тоа е лошо во таа платформа па после тоа ќе дебатираме… Даваме шанса.

-Мнозинството ќе избере претседател во оваа сала, во друга сала, на скалите на ова Собрание ако треба. Заврши времето кога можевте да ги кршите Уставот и законите, немате мнозинство во Собранието не сте ни 51 пратеник. Ние имаме мнозинство од 69 пратеник. Ако не престане ова насилство од малцинството во Собранието, ќе се избере спикер во друга сала“, изјави Заев.

На Заев не му е првпат да им се додворува на Албанците и да ја фали платформата.


Ние го отворивме концептот на едно општество за сите и апсолутно сме растеретени од сите овие предрасуди кои што некој се обидува да ги наметне повторно во јавноста. Драго ми е што се отворија етничките прашања во Македонија и за нив треба да се разговара. Ние не бегаме од платформата. Имаме позитивен аспект на платформата, затоа што е предизвик за нешто што за дел од граѓаните им е пречка во секојдневниот живот, истакна Заев и додаде дека се што се разговара е во рамките на Уставот на РМ , а целта е сите малцински етнички заедници да бидат еднакви – изјави Заев од истата говорница во Собранието уште во февруари по средба со Хан.

 kol232-nm-alb-mkd-2

Платформа на албанските партии

1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

  • Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
  • Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
  • Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
  • Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

2. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

  • Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
  • Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
  • Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
  • Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.

3. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

  • Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
  • Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
  • Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

  • Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
  • Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.

5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

  • Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите

  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
  • Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
  • Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија

  • Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.

Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската унија и меѓународните институции. Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на наведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top