| четврток, 6 декември 2018 |

Коби Брајант: По 20 години одиграни во НБА чудно ми е што не ми недостига кошарката

Легендата на екипата на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, Коби Брајант пред една година кажа збогум на својата прва љубов, кошарката. Во спортот, како што вели, беше од својата втора година, а започнал по стапките на својот татко во Италија.

Во едно интервју за американските медиуми, поранешната кошаркарска ѕвезда изјави дека е изненаден од фактот што не му недостига кошарката, како што помислувал пред да одлучи да се пензионира.

– Не, не ми недостига и ми е многу чудно зошто е тоа така. По 20 години одиграни во НБА лигата, она што го имам сега е сè од кошарката. Секој ден го применувам тоа на некој различен начин. Таа никогаш не ме остави. Физички, да, но не и емотивно, бидејќи ја применувам во пишувањето на моите текстови. Така да, таа сè уште е дел од мене – изјави Брајант.

По кариерата многумина очекуваа дека „мамбата“ ќе работи нешто во врска со кошарката, но тој одлучи да ја стави на тест својата авторска способност и започна да пишува текстови, кои се пренесуваат преку кратки аниминирани филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top